Во Велес мал интерес за откуп на социјалните станови

Bez autora
Mar 24 2015

Само еден станар досега поднел барање за откуп на т.н. социјални станови во населбата Тунел во Велес. Повеќето велат дека ќе го продолжат договорот за користење под закуп, некои, пак, размислуваат и да заминат, бидејќи цените им се високи. Одлуката треба да ја донесат до крајот на месецот. Излегува дека квадратен метар во Велес е околу 600 евра, а становите во поголем дел се наменети за лица со ниски примања. Таква цена во Велес не може да се достигне. Зградите се далеку од центарот на градот, не се градени квалитетно. Се слушаат соседите кога разговараат на висок тон. Водоводната мрежа повеќе пати се расипуваше, вели станар од зградата.

Во Велес мал интерес за откуп на социјалните становиСамо еден станар досега поднел барање за откуп на т.н. социјални станови во населбата Тунел во Велес. Повеќето велат дека ќе го продолжат договорот за користење под закуп, некои, пак, размислуваат и да заминат, бидејќи цените им се високи. Одлуката треба да ја донесат до крајот на месецот.

„Излегува дека квадратен метар во Велес е околу 600 евра, а становите во поголем дел се наменети за лица со ниски примања. Таква цена во Велес не може да се достигне. Зградите се далеку од центарот на градот, не се градени квалитетно. Се слушаат соседите кога разговараат на висок тон. Водоводната мрежа повеќе пати се расипуваше“, вели станар од зградата.

Повеќето од половината од 144 стана, односно 82 не решиле што ќе прават, дали ќе ги откупуваат, ќе ги закупуваат или ќе се отселуваат. Дел од станарите беа задоволни и во подрачната единица на АД за стопанисување со станбен и деловен простор ги потпишаа договорите.

„Ние бевме под кирија и овој сегашниот ни значи многу. Не можам да го откупам и ќе го земам под закуп, толку сум моќна. Можеби децата ќе успеат да го купат“, вели Фросина Ѓоргиевска.

На потпишувањето присуствуваше и директорот на претпријатието, кој вели дека во Велес зградите биле изградени според одредени стандарди и затоа цената е повисока.

„За разлика од тука, во другите градови има повисок интерес. Нам како институција ни е важно да го регулираме статусот во наредните пет години за закуп, а за тие што ќе ги откупат и доживотно. Апелираме до 31 март да ги поднесат документите, дали ќе бидат закупци или ќе ги откупат. По 31 ќе го применуваме законот, а тој вели иселување на лицата кои нема да поднесат никаков документ за регулирање на правниот статус“, вели директорот Цветко Грозданов.

Тој информираше дека во Велес од 144 т.н. социјални станови, за 62 побарале закуп, за еден откуп, додека од 20 општествени станови, барања се поднесени за 12. В сабота и в недела ќе се дежура во сите подрачни единици од 10 до 14 часот, со цел граѓаните да можат да поднесат барања. Цветков потсети дека закупнината е во три категории, во зависност од вкупните примања во семејството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik